September 25, 2021 04:34
Кошарка

Перо Антиќ застана на чело на МКФ

Перо Антиќ е избран за нов претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Прославениот кошаркар на денешното Собрание ги доби гласовите на сите 27 делегати.

Двојниот освојувач на Евролигата, беше единствен кандидат за претседтел откако вчера Владимир Темелковски се повлече од лични причини, а сега веќе ек-претседателот Петар Наумовски пред почетокот на Собранието се откажа од трката.

„Секако дека сум среќен, но искрено малку ми е и чудно во оваа улога. Веќе реков, мојата идеја е да составам силен тим од спортисти и луѓе од бизнис-секторот и сите заедно да работиме за кревање на кошарката, враќање на оптимизмот кога се говори за овој спорт. Приоритети има многу, од развој на младинската кошарка, до засилување на лигата и враќање на репрезентацијата онаму каде што посакуваме да биде – редовен учесник на големите натпреварувања“, ја пренесува првата изјава на новиот претседател интернет страницата на МКФ.

Инаку Перо Антиќ е десеттиот претседател на МКФ.

Website https://animetv.cc: Watch Ni-hiki no Sanma animetv Episode color version 3 animetv to

Waiting in the Summer (Dub) Episode 12

Sayonara Watashi no Cramer Movie: First Touch (https://aniwatch.pro/m/6gbv) Episode Full

Website https://gogoanime.be: Watch Promare: Lio-hen gogoanime Episode Full gogoanime haikyuu to the top

Misterpoll: https://www.misterpoll.com/users/1585120

Question2answer: https://www.question2answer.org/qa/user/animeflixnl