December 5, 2022 09:40
Спорт

Перез победи на трката за Големата награда на Сингапур

Пилотот на Ред Бул, Серхио Перез победи на трката од Формула 1 шампионатот возена попладнево по македонско време за Големата награда на Сингапур.

Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц завршија на второто и третото место, додека тимските колеги од Мекларен, Ландо Норис и Дан Рикардо завршија на четвртото и петтото место.

Лидерот во шампионатот Макс Верстапен (Ред Бул) беше седми, пред Себастијан Фетел (Астон Мартин) и Луис Хамилтон (Мерцедес) кого го престигна во последните кругови.

Во Генералниот пласман лидер е Верстапен со 341 бод, Леклер има 237, Перез 235.

Кај конструкторите на првите три места се: Ред Бул 576 бода, Ферари 439, Мерцедес 373.