December 6, 2022 22:51
Спорт

Перез за Суперлигата: Надал и Ѓоковиќ играа 59 пати, досадно ли е тоа? Реал Мадрид и Ливерпул се сретнале само девет пати во 67 години

Претседателот на актуелниот европски и шпански фудбалски првак Реал Мадрид, Флорентино Перез не верува дека врвните натпревари во Супер лигата брзо ќе им станат здодевни на навивачите.

– Надал и Ѓоковиќ играа 59 пати… дали е тоа досадно? Сепак, Реал Мадрид и Ливерпул се сретнале само девет пати во 67 години. Која е поентата да се лишат навивачите од овие натпревари? Ако правилата на фудбалот се пресликаат и во други спортови, тешко дека би виделе барем три натпревари меѓу Надал и Федерер во сите овие години. УЕФА го зголемува бројот на натпревари меѓу средни тимови. Ова само ќе го забрза падот на европскиот фудбал. Според Форбс, Реал Мадрид е тринаесетти најкорисен клуб во светот… а претходно бевме петти. На ова рангирање има само три фудбалски клуба. Во САД сигурно прават нешто многу добро, додека во старата Европа многу лошо, изјави претседателот на Реал на клупското собрание.

Реал Мадрид е еден од заговорниците за основање на елитната фудбалска Суперлига со најдобрите европски тимови.