Спорт

Перез: Заканите од УЕФА се само празни зборови, не ни можат ништо !?

Првиот човек на шпанскиот гигант Реал Мадрид и на новоформираната фудбалска Суперлига,  Флорентино Перез воопшто не стравува од заканите кои пристигнуваат од УЕФА за дисквалификаците на клубовите кои изборија настап во полуфиналето од Лигата на шампионите, а се меѓу поддржувачите за отпочнувањето со новто затворено натпреаврување надовр од европската асоцијација. Во полуфиналето од ЛШ пласман изборија Реал Мадрид, Челси и Манчестер сити.

УЕФА за в петок најави состанок на Извршниот Комитет, на кој е најавено дека ќе биде донесена одлука одметнатите три клуба да бидат елиминрани од елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите на зелена маса. Перез е убеден дека нема никаква шанса клубовите да бидат казнети.

-Се закануваат, но тоа се празни зборови. Играчите можат да бидат мирни бидејќи тие закани нема да се реализираат. Тие го имаат монополот во фудбалот, УЕФА мора да биде транспарентна, не да се заканува на сите кои не мислат како неа. Со ова што го направивме монополот е готов. Нема да ги исфрлат нашите клубови од ЛШ, ниту пак од домашните лиги. Не ни можат ништо, правно сме апсолутно сигурни, истакна Перез.

AnimeFreak animefreak latest: Dragon Ball Super (Dub) (https://animefreak.ws/m/RkGE) Episode 131

GoGoAnime gogoanime site: Watch Tokyo Ghoul Episode 5