June 26, 2022 03:30
Македонија

Пендаровски со претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри – ЗМСТАС

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри – ЗМСТАС.

На средбата, која се реализира по повод одбележување на Меѓународната недела на сестринството, а во пресрет на 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри, претставниците на Унијата го запознаа претседателот Пендаровски за предвидените активности за одбележување на овие датуми и го запознаа со програмата и поставените цели.

Претставниците на Унијата на Здруженија на медицински сестри – ЗМСТАС информираа и за нивните заложби во здравствената нега и заштита, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат, како и за унапредување на положбата на медицинските сестри во државата. Тие истакнаа дека се неопходни инвестирања во сестринството, за кои сметаат дека се одржлива инвестиција која ќе придонесе кон унапредување на здравствената заштита на граѓаните, а полза ќе има и целото општество.

Претседателот Пендаровски упати честитки до претставниците на Унијата на Здруженија на медицински сестри по повод одбележувањето на Неделата на сестринството и по повод 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри и ја изрази неговата поддршка во нивното функционирање. Претседателот оддаде признание и се заблагодари за севкупниот ангажман на медицинските сестри и изрази очекување за поизразена и посилна поддршка од институциите во иднина.

На средбата присуствуваа Горданка Бешлиовска – претседателка на ЗМСТАС – ЗА НАС и претседателка на Унијата на Здруженија на медицински сестри, Ленче Донева – потпретседателка на ЗМСТАС – ЗА НАС и Наџие Фетаи, претседателка на ЗМСТЛА, Тетово.

hướng dẫn nạp tiền go88 go88 nạp tiền lâu tại go88 về oppo

https://tai.sunwin.gg/