June 28, 2022 22:44
Македонија

Пендаровски со претставници на германскиот Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од германскиот Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје, претставници од управата на Институтот во Хајделберг и Франкфурт и професори од Државниот дуален универзитет од Манхајм.

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со формирањето на „Хајделберг Факултет во Скопје”, како установа за додипломски и специјалистички постдипломски студии во областите на податоци и компјутерски науки, банкарство, осигурување и контролинг, со што се воведува германскиот дуален образовен систем во Скопје, со теоретска и практична настава по примерот на државниот дуален универзитет од Манхајм.

Германските претставници го информираа претседателот за процесите на евалуација во насока на стекнување на германска акредитација на Факултетот, како и за можностите за основање на германски кампус во Скопје, со цел ширење на германското дуално универзитетско образование во земјите од Западен Балкан.

Претседателот Пендаровски ја поздрави успешната соработка меѓу Институтот Хајделберг Скопје и Државниот дуален универзитет од Манхајм и изрази очекување дека истата ќе придонесе за унапредување на македонскиот образовен систем.

На средбата претседателот Пендаровски посочи дека размената на искуства и преносот на знаења и практики од најдобрите германски универзитети, претставуваат одлична можност за стручно усовршување и практична специјализација на македонските студенти, додавајќи дека воведувањето на современите концепти на дуално образование е важно за создавање на квалификувани кадри уште во текот на образовниот процес и позитивно ќе се одрази на севкупната македонска економија.

play go88 fun nhà cái go88 mod go88

Tải Tài Xỉu Sunwin APK IOS Mới Nhất sunwin intelligent đăng nhập sunwin bằng facebook