April 21, 2021 01:35
Македонија

Пендаровски со претставници на Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртиш и заменик директорот Џелал Хоџиќ.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековните процеси и стратешкиот план за работа на Агенцијата, како и за предизвиците со коишто се соочуваат во однос на  прашањата поврзани со остварувањето на правата на немнозинските заедници во нашата држава.

Во тој контекст беше посочена потребата од интензивирање на активностите од приоритетните области кои се дел од Стратешкиот план за работа 2020-2022, со цел поефикасно имплементирање на заложбите за рамноправност, развој, интеграција и просперитет на етничките заедници во земјава.

Претседателот Пендаровски нагласи дека обезбедувањето на правата на заедниците овозможува еднаква шанса за лично остварување на секој граѓанин, што е еден од основните предуслови за севкупен развој и стабилност на општеството. Во таа насока претседателот ја реафирмираше неговата континуирана поддршка на заложбите за унапредување на правата на сите етнички  заедници во Република Северна Македонија, согласно нивните уставно загарантирани права.

KissAnime kamisama kiss anime: Assassination Classroom (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/l9zz) Episode 22

AnimeFreak animefreak death note: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 4