September 22, 2019 10:14
Македонија

Пендаровски се сретна со началникот на норвешките вооружени сили, Хакон Брун-Хансен

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Началникот на Генералштабот наВооружените сили на Кралството Норвешка, адмирал Хакон Брун-Хансен.

На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу Северна Македонија и Норвешка, особено за билатералната воена соработка. Соговорниците заклучија дека со идното членство на Северна Македонија во НАТО се отвораат нови можности за проширување на партнерството меѓу армиите на двете земји.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за норвешката поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во НАТО, потврдена со ратификацијата на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО од страна на норвешкиот парламент во јуни.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека во наредниот период ќе биде завршена ратификацијата во сите држави членки на Алијансата и до крајот на оваа година Северна Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО.

Северна Македонија, истакна претседателот Пендаровски на средбата, со својот придонес во мировните мисии на Алијансата, е активен поддржувач на мирот на глобално ниво и нејзиното зачленување во НАТО е одамна заслужено.

Со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, рече претседателот Пендаровски на средбата, ќе биде заокружена една од клучните стратешки определби на државата, што ќе придонесе за нејзиниот севкупен развој.

Нови вести

ВМРО ДПМНЕ: Предвремени избори час поскоро

Igor

СДСМ: Решени сите проблеми на лозарите

Igor

Јанева и Јовановски на распит за случајот „Рекет”

Igor