December 9, 2022 14:45
Македонија

Пендаровски положи цвеќе на местото каде што загинаа 45 македонски државјани

Претседателот Стево Пендаровски заедно со министерот Крешник Бектеши, денеска положи венец со цвеќе на местото каде што минатата година загинаа 45 макеоднски државјани, кои се враќаа од патување во Истанбул.

Почит за 45 македонски граѓани, кои трагично ги загубија животите во страшната автобуска несреќа на 23 ноември 2021 година. На автопатот „Струма“ во соседна Бугарија положив цвеќе на местото на автобуската несреќа, објави Пендаровски на ФБ.