Македонија

Пендаровски: Не сум разговарал со Пахор за прекројување на границите

Македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави за „Слободна Европа“ дека не разговарал со словенечкиот колега Борут Пахор за промена на границите на Балканот, тема што се наметна откако балкански медиуми објавија дека наводно словенечкиот премиер Јанез Јанша пратил нонпејпер до ЕУ со такви идеи.

“На ниту една од средбите кои претседателот Стево Пендаровски ги имаше со словенечкиот претседателот Борут Пахор во изминатиот период, не е разговарано за темата можно прекројување на граници на Балканот“.

Ова е одоговорот од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски на прашањето на Радио Слободна Европа дали при посетата на Скопје на словенечкиот претседател Пахор зборувале на таа тема.

Словенечкиот портал „нецензурирано.си“ денеска го објави неофицијалниот дипломатски документ „нон-пејпер“ со наслов „Западен Балкан – патот напред“ за којшто се шпекулира дека словенечкиот премиер Јанез Јанша го испратил во Брисел, а со кој се предвидува распарчување на Босна и Херцеговина и пристапување на Република Српска кон Србија, како и обединување на Косово со Албанија.

Словенечкиот медиум,  сепак, тврди дека со новата мапа на Западниот Балкан ќе нема промени на Северна Македонија, односно „нон-пејперот“ не предвидува припојување на западниот дел на земјава кон Албанија, ниту пак припојување на Прешево и Бујановац од јужна Србија кон Албанија.

Медиумите од регионот сега се прашуваат дали словенечкиот претседател Борут Пахор знаел за „нон-пејперот“ што бил подготвен од премиерот Јанез Јанша? Пратениците на опозициската партија Социјалдемократи (СД) во словенечкиот парламент побараа да се одржи седница на парламентарниот комитет за надворешна политика, на која ќе бидат испрашани премиерот Јанез Јанша и претседателот Борут Пахор во врска со извештаите на медиумите во врска со наводен нон-пејпер за потенцијално прекројување на границите на Западен Балкан.

AnimeFreak vinland saga animefreak: Watch Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen Episode Preview

AnimeHeaven dubbed anime: My Hero Academia 2 (Dub) (https://animeheaven.pro/m/o3La) Episode 25