Македонија

Пендаровски на средба со Каролине Едштадлер

Стево Пендаровски, денеска ја прими Сојузната министерка за Европската Унија и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави и беше изразена желба за понатамошно унапредување на политичките односи и економската и техничка соработка, при што беше нагласен интересот за интензивирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво.

Претседателот Пендаровски истакна дека високо ја цениме австриската постојана и гласна поддршка за нашата интеграција во Европската Унија оценувајќи дека експертизата од Австрија е од големо значење за Северна Македонија во исполнувањето на стандардите на Европската Унија.

На средбата, претседателот упати благодарност за австриската координација на донацијата на вакцините „Фајзер”, според која нашата држава ќе добие 119.000 дози, од кои 20.000 се испорачани денеска и нагласи дека со ова Европската Комисија уште еднаш ја демонстрира својата солидарност.

Претседателот Пендаровски се заблагодари и за поддршката за време на мигрантската криза и постојаната помош на австриските полицајци во заедничките гранични операции на нашата јужна граница.

4Anime 4anime safe: Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 9

AnimeDao classroom of the elite animedao: Dragon Ball (Dub) Episode 153