September 17, 2021 18:46
Македонија

Пендаровски на средба со економските советници во Варшава, Анкара, Абу Даби и Минхен

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со Илија Псалтиров, Сузана Тунева, Бекри Ајдини и Абдилџемил Саити, економски советници во амбасадите на Република Северна Македонија во Варшава, Анкара и Абу Даби и конзулатот во Минхен.

Новоименуваните економски советници го информираа претседателот Пендаровски за своите планови за претставување на потенцијалите на Република Северна Македонија како дестинација за инвестирање, за промоција на извозните потенцијали, како и за промоција на државата како туристичка дестинација.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека со нивниот ангажман четворицата економски советници ќе дадат придонес во насока на зајакнување на економската дипломатија и на привлекување на директни странски инвестиции, што ќе придонесе за обезбедување на нови работни места и економски раст.

Претседателот Пендаровски на четворицата економски советници им посака успех во претстојниот ангажман и изрази очекување за конкретни резултати во искористувањето на економските потенцијали меѓу нашата држава и државите што економските советници ги покриваат.

AnimeTV: Girls & Panzer: This is the Real Anzio Battle! anime episode Full online free at https://animetv.cc free anime tv

AnimeFreak: Mermaid Forest OVA anime episode Full online free at https://animefreak.ws sites like animefreak

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Website https://aniwatch.pro: Watch Princess Principal Picture Drama aniwatch Episode 6 aniwatch me

Tune: https://tune.pk/user/gogoanimelol/about

Qiita: https://qiita.com/gogoanimelol