August 12, 2022 01:17
Македонија

Пендаровски и честиташе на Тамара: „Вие сте наши победници!„

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски преку својот Фејсбук профил и честшташе на Тамара и нејзиниот тим за извонредниот пласман на Евровизија во Тел Авив, Израел.

„Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди макотрпно да се бори за своите соништа, вие сте наши победници!
Вчера ни ја донесовте Евровизија дома, заедно пеевме и го споделивме успехот, а граѓаните на Република Северна Македонија се горди на вас! Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап.
#Proud #mkd 🇲🇰, напиша претседателот Стево Пендаровски.