November 16, 2019 03:42
Македонија

Пендаровски за Die Presse: Дајте ѝ шанса на Северна Македонија

Во прилог е интервјуто на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски за австрискиот весник Die Presse, дадено за време на официјалната посета на Република Австрија, достапно на следниот линк: Die Presse.

Ди Пресе: Франција неодамна имаше негативно се произнесе за проширувањето, дали сè уште се надевате дека ќе добиете сигнал од ЕУ за отворање на претпристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија?

 

Стево Пендаровски: Не се надеваме на сигнал, туку очекуваме одлука. Во изминатите година и пол испорачавме сè што требаше. Дури го сменивме и нашето име по историскиот договор со Грција. Ниту една земја-кандидат го нема направено ова порано. Штом ЕУ вели дека процесот на зачленување се заснова на резултати, тогаш не очекувамени повеќе ни помалку од она што сме го постигнале. Мојата порака е: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени.

 

Ди Пресе: Еден аргумент – на пример од Париз- за блокадата на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија беше дека двете земји треба да направат повеќе во борбата против корупцијата и криминалот.

 

Стево Пендаровски: Ние го основавме Специјалното јавно обвинителство, кое покрена обвиненија против поранешниот премиер Никола Груевски, кој во меѓувреме побегна во Унгарија, како и против други важни личности. Ние ја ставивме борбата против корупцијата како наш приоритет. Еден од клучните аргументи на Франција беше дека тие сакаат продлабочување на Унијата пред проширување. Но, двата процеси може да течат паралелно. Ние нема веднаш да станеме полноправна членка на ЕУ.

 

Ди Пресе: Дали сте разочарани?

 

Стево Пендаровски: Особено бевме разочарани оваа година во јуни. Минатата година, земјите-членки на ЕУ рекоа: Не сега, уште треба да работиме на внатрешните реформи, но идниот јуни ќе донесеме одлука и ќе започнеме преговори со Северна Македонија и со Албанија. А овој јуни тие рекоа: „Извинете, сè уште не сме подготвени.“

 

Ди Пресе: Како народот гледа на ова?

 

Стево Пендаровски: Моите главни теми во кампањата за претседателските избори беа зачленување во ЕУ и во НАТО како главни стратешки цели. Ние очекуваме да станеме членка на НАТО во идните месеци. Но, доколку се пролонгираат преговорите за зачленување во ЕУ тогаш Унијата ќе изгуби многу од својот кредибилитет. Ентузијазмот за ЕУ во нашата земја ќе падне значително. Луѓето прашуваа, зошто треба да го смениме името на земјата? Ние им рековме за да можеме да станеме дел од ЕУ. Ние исполнивме сè. Сега народот нè прашува – зошто има повторно одложување?

 

Ди Пресе: Министерот за надворешни работи на Австрија Шаленберг неодамна повтори дека претпристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија треба да започнат во пакет. Кој е Вашиот став?

 

Стево Пендаровски: Во принцип ние сме согласни. Еден од принциипите на ЕУ зависи од напредокот – ако државата испорача тоа што треба тогаш вие сте внатре. Во исто време, голем дел од нашиот регион е поврзан – почнувајќи од безбедносни па сè до политички и економски прашања. Северна Македонија граничи со Србија и со Косово – двеземји чиј конфликт продолжува да има влијание на целиот регион. Се разбира, што се однесува на регионалниот аспект, јас би сакал Албанија исто така да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Регионот не може да просперира доколку сите земји немаат цел пред себе. Сите треба да се дел од процесот на евроинтеграции. Босна и Херцеговина исто така, која, за жал, долго време беше запоставена од Брисел.

 

Ди Пресе: Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги отвори границите за 3,6 милиони бегалци доколку ЕУ ги критикува неговите воени дејствија во северна Сирија. Дали Северна Македонија е подговтена за тавко сценарио?

 

Стево Пендаровски: Не би сакал да коментирам индивидуални изјави на политичари во врска со настаните во Сирија. Во секој случај, мојот впечаток е дека договорот за бегалци меѓу ЕУ и Турција сè уште функционира. Мотивите на двете страни да се склучи овој договор сèуште се исти.

 

Ди Пресе: Неодамна уште бегалци пристигнаа во Грција. Дали ова веќе се забележува во Македонија? Дали пристигнуваат повеќе луѓе?

 

Стево Пендаровски: Се разбира дека секогаш има можност бегалци да сакаат од Грција да тргнат по рутата преку Македонија со цел да стигнат во северните земји-членки на ЕУ. Досега, не сме забележале значително зголемување на бројот на луѓе. Во секој случај, ситуацијата не може ни да се спореди со онаа во 2015 и 2016 година кога еден милион луѓе поминаа низ нашата територија.

 

 

 

Нови вести

Столтенберг: Новите членки како Северна Македонија мора да имаат безбеден начин на комуникација

Filip

Милевски на средба со европратеничката Јовева

Filip

Ријвас: Ако Северна Македонија ги исполни условите не треба да има никакви субејктивни пречки за влез во ЕУ

Filip