Македонија

Пендаровски- Ескобар: Двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.

Претседателот Пендаровски оцени дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и изрази уверување дека билатералните односи ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на силната и континуирана поддршка од САД во остварувањето на стратешките цели на нашата држава, од прогласувањето на независноста до денес.

Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство, истакнувајќи дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и развојот на регионот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката на американската администрација, и лично на заменикот помошник државен секретар Ескобар, во однос на потребата за напредокот на земјите од регионот кон ЕУ.

На средбата претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Република Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, да придонесе за колективната безбедност и одбрана на вредностите на евро-атлантската заедница.

Претседателот Пендаровски се заблагодари на поканата за учество на виртуелниот Самит за демократија, во организација на претседателот на САД, Џо Бајден, што ќе се одржи на 9 и 10 декември 2021 година.

4anime. biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 22

watch subbed anime 4Anime Boruto: Naruto Next Generations

Komi Can’t Communicate

anime website 4Anime Horimiya

4Anime Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Part 2 Episode 3

tải go88