June 22, 2021 11:58
Македонија

Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, со што започна нејзината официјална посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржува и пленарен состанок на официјалните делегации, по што ќе следува потпишување на Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура, спорт и млади на Грузијаи заедничка прес-конференција.

Претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Во фокусот на разговорите се билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грузија и начините за нивно унапредување, ЕУ и НАТО интеграциите, регионалните прашања, како и пандемијата на Ковид-19.

WCOStream watch anime free: Watch High-Rise Invasion Episode 4 (https://wcostream.cc/m/zqNG/ep-4)

KissAnime boku no hero academia kissanime: Kaguya-sama: Love is War Season 2 Episode 12