August 5, 2021 04:24
Македонија

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Србија, Невена Јовановиќ

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Невена Јовановиќ, новоименуваната амбасадорка на Република Србија во Република Северна Македонија.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски истакна дека двете пријателски земји и двата народа ги поврзува долгогодишно традиционално пријателство, блиски културни врски и интензивна соработка во многу сфери од заеднички интерес.

„Високиот степен на развој на динамичните билатерални односи се потврди и со блиската соработка за време на хуманитарната криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и справувањето со последиците од истата”, рече претседателот Пендаровски и додаде дека очекува соработката меѓу двете земји и натаму да се интензивира.

 „Во иднина очекувам двете пријателски држави да ги искористат сите потенцијали и приоритет да стават на соработката на конкретни билатерални и регионални проекти, во економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното, енергетското поврзување, како и во сите други области од заемен интерес меѓу кои, секако, би ги издвоил културата и образованието, прашањата од значење за одржливиот развој на регионот како интерконективноста, мобилноста и адресирање на горливите прашања на младите”, додаде претседателот Пендаровски.

Оценувајќи дека продолжувањето на редовниот политички дијалог и меѓусебните консултации се целосно во функција на надградба и на продлабочување на добрососедските односи, претседателот Пендаровски го истакна и почитувањето и унапредувањето на третманот и статусот на македонската заедница во Република Србија и на српската заедница во Северна Македонија.

„Тие се мост на поврзување меѓу нашите две земји. Ја давам мојата целосна поддршка за отворање на културните центри во Белград и во Скопје и се надевам дека владите на двете држави ќе го реализираат овој проект во текот на оваа година”, заклучи претседателот Пендаровски.

Истакнувајќи дека односите меѓу двете земји одат во нагорна линија и придонесуваат за стабилност на целиот регион, амбасадорката Јовановиќ рече дека Србија посветува големо внимание на односите со Северна Македонија, како еден од најблиските соседи и е длабоко заинтересирана за нивно натамошно унапредување во сите области.

„Република Србија ја поддржува пријателска Северна Македонија и во нејзините европски аспирации имајќи го предвид фактот дека на целиот наш регион местото му е во Европската Унија, како простор на кој географски, историски и културно му припаѓаме”, рече амбасадорката Јовановиќ на церемонијата на предавање на акредитивни писма. 

Претседателот Пендаровски на новоименуваната амбасадорка на Србија во Северна Македонија, Невена Јовановиќ ѝ посака успех во вршењето на одговорната дипломатска функција.

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Time Bokan Series: Zenderman (https://gogoanime.be/m/0Dz3) Episode 1

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD. Midnight occult civil servants (Dub) Episode 12

Watch anime online for free at AnimeDao animedao boku no hero academia. Ai no Wakakusa Yama Monogatari (https://animedao.nl/m/NMQQ) Episode 1

KissAnime Telegra: https://telegra.ph/KissAnime-Watch-Anime-Online-06-09