October 26, 2021 21:28
Македонија

Пендаровски во Њујорк оствари средба со претставници на „Македонија2025″

Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со претставници на организацијата „Македонија2025″.

На средбата, претставниците на „Македонија2025″ го информираа Претседателот за досегашните активности и приоритети во контекст на нивното делување во Њујорк и на американскиот континент во целина.

Претседателот Пендаровски истакна дека „Македонија2025″ е позитивен пример за придонесот на македонските иселеници во економскиот и демократски развој на Северна Македонија и ја изрази својата поддршка за нивната работа.

Оддавајќи признание за досегашните вложени напори, претседателот Пендаровски ги охрабри претставниците на „Македонија2025″ за нивен засилен ангажман преку кои се искажува и волјата и решеноста на македонската дијаспора активно да се вклучи во градењето на иднината на Северна Македонија.

На средбата стана збор за идните планови на организацијата, како и за програмите за стипендирање и други проекти преку кои активно се градат лидерски вештини кај младите и се поддржува нивниот талент.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодари за вклученоста на „Македонија2025″ како партнери и поддржувачи на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование.

Ikemen Sengoku: Bromances Across Time (https://animedao.nl/m/g3WE) Episode 12

Soul Eater: Late Night Show Episode 51

Website https://4anime.biz: Watch [C] CONTROL - The Money and Soul of Possibility 4anime Episode 11 sword art online 4anime

Variable Geo (https://animepahe.cc/m/GNDX) Episode 3

Linkedin: https://www.linkedin.com/in/animefreakws/

Openuserjs: https://openuserjs.org/users/animefreakws