Македонија

Пенадровски: Има простор за подобрување, влогот на 5 мај е разликата од одење на напред или одење на назад

Пенадровски: Има простор за подобрување, влогот на 5 мај е разликата од одење на напред или одење на назад

Во вториот круг мора да добиеме мнозинство, за да не ја пропуштиме шансата. Со гласањето за број 3 во недела, сите ние дефинтивно му велиме збогум на „груевизмот“ и на фамилијата, никогаш да не се вратат на власт, порача на вечерашната трибина од Штип, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

Тој забележа дека гласањето за противкандидатот ќе значи и физичко враќање на Груевски од Будимпешта, кој сега раководи со ВМРО-ДПМНЕ од таму, а како што рече Силјановска-Давкова е и личен избор на Груевски.

-Трета работа, која треба да ја имате на ум е дека по десет години ќе имаме претседател, од кој нема да се срамиме и ќе работи за државата и интересите на граѓаните, вели Пенадровски.

Забележа дека постои разлика меѓу него и противкандидатот, како црно и бело, ја побара поддршката од оние кои на 21-ви април не излегоа на гласање. Пендаровски со порака до гласачите да излезат на 5 мај, бидејќи ако останат дома, како што рече, ќе се врати најцрниот режим

-Има простор за подобрување, влогот на 5 мај е разликата од одење на напред или одење на назад. Ако ни дадете шанса одиме брзо кон Европа, а ако некоја од таа „груевистичка“ политика добие се враќаме со децении наназада, а младите ќе се иселат и оние кои останаа, вели Пендаровски.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на трибината од Штип им го честиташе празникот на работниците, порачувајќи дека платите ќе растат, ќе се отвораат нови работни места, младите кои се невработени ќе им се даде шанса да се вработат. Пари, како што рече, има во буџетот, што доаѓаат од потта на народот, а тие како власт ги насочуваат кон потребите на граѓаните во патна инфраструктура, водоводи, канализации, образование, а не како што претходната власт, тоа го правеше во споменици.

-Сакам Штип да победи, како цела Македонија, ги видовте резултати ни Мицко да бојкотира, ни ние многу фраери да се правиме. Второ гласачите испратија сериозна порака, паднавме и ние еден дел од нашите гласачи не излегоа. Јас сакам Штип да победи, знам дека ја заслужуваме поддршката, но дел не се задоволни од функционерите. Прочистување ќе има, а граѓаните очекуваат да им се решат проблемите. Дел од нашаите функционери не одговорија да бидат сервис на граѓаните, немаа доволно време за прием. Да ќе има пролетно чистење, ќе сјае и ќе заметеме, рече Заев.

Лидерот на СДСМ се осврна дека пред две години го победиле режимот со пенкало, конечно имаме добри односи со соседите, а Ципрас и Борисов, како што рече, сега се со нас и се борат Република Северна Македонија да добие датум за преговори со ЕУ во јуни. Од Меркел, Макрон и Могерини, како што додаде, имаме големи пријатели и тие како не поддржуваат, ќе ги отвориме фондовите затоа што не почитуваат што се направивме.

-Каде е федерализацијата што ја збореа, тиранска платформа, ние се сплотивме нема ништо од сето тоа. Повеќе никој не не негира и добивме грутка парче земја признато, добивме македонски народ, ги оставривме вековните аспирации на нашите претци, кои гинеа на Мечин Камен. Двете стратешки цели членство во НАТО и ЕУ ги оставаривме , рече Заев.

Посочувајќи дека до декември сите членки на НАТО ќе го ратификуваат членството, а во јуни ќе добиеме датум за преговори со ЕУ.

-Излегувајте сите, бидејќи сега ќе се бира претседател. Одговорноста е на сите, граѓаните се тие кои определуваат пат. Важно е кој ќе ја води државата, важно е и кој ја води извршната власт. Не сте за режимот почитувани гласачи, вие сте за напред и заедно, а најдобро ќе го кажете на 5 мај, зад параванот. Важна е одлуката е на 5-ти, го бираме петтиот претседател на државата, ве уверувам дека ќе го имаме претседателот за чиста петка, ве уверувам дека ќе се гордеете бидејќи учел од Киро Глигоров, бил советник и на Трајковски и Црвенковски, ги помина сите фази, сите ќе се гордееме, сите тоа го заслужуваме, вели Заев.

Нови вести

Започна со работа прифатилиште за бездомни и болни кучиња во Тетово

Igor

На Богородица и Табановце за излез се чека од 15 до 30 минути

Igor

Наместо лицемерно да зборува за одговорност, ВМРО-ДПМНЕ да ги повика пратениците кои се обвинети да поднесат оставка

Igor