February 26, 2021 10:45
Спорт

Пелистер и по дербиот со МЗТ Скопје остана лидер без мана во мак-баскетот

Лидерот во македонското кошаркарско првенство, битолски Пелистер останаа единствена непоразена екипа и по дерби-дуелот од 11. коло со МЗТ Скопје (88:85). Битолчани имаат скор од осум победи на осум одиграни меча сезонава, додека МЗТ Скопје имаат пет победи и три порази.

Натпреварот во Битола помина во голема борба под кошевите во кои и двата тима имаа свои периоди на доминација. Сепак, клучен беше моментот кога Пелистер на крајот од втората четвртина и стартот од третата направи серија од 18:4 со која дојде во водство од 51:44. Од тој момент, Пелистерци ја контролираа ситуацијата на паркетот и на пет минути до крајот имаа и двоцифрена предност (85:72). Во тие моменти како да се разбудија металците и направија серија од 13:0 со која дојдоа до израмнување на 85:85 на една минута до крајот. Џордан Калахан донесе водство за Пелистер, а победата ја завери Никола Малешевиќ со слободното фрлање во последните секунди. Игор Кесар со 27 поени и Малешевиќ со 22 поени и 11 скока беа најдобри во победничкиот тим додека Феми Олуџоби со 38 поени најпрецизен кај МЗТ.

 

Haikyuu!!: To the Top (https://animeplanet.cc/m/gLOr) Episode 13 at website https://animeplanet.cc anime planet jojo diamond is unbreakable

The Rising of the Shield Hero Season 2 (https://crunchyrollfree.com/m/5J2Z) Episode 1-Preview at Crunchyroll crunchyroll++ 2020