August 15, 2020 04:51
Спорт

Пеле негираше дека е во депресија, се чувствувал добро

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на најважната споредна работа на светото, поранешниот напаѓач на Бразил, Пеле ги отфрли шпекулациите дека е депресивен и ги увери своите приврзаници дека добро напредува и има зафатен распоред.

Синот на Пеле, Едињо сподели пред „Глобо” дека трикратниот освојувач на Светскиот куп е депресивен и не сака да ја напушти својата куќа затоа што не може да се движи добро по операцијата за замена на колкот.

– Јас сум во ред. Продолжувам да ги прифаќам моите физички ограничувања на најдобар можен начин. Имам добри и лоши денови. Ова е нормално за луѓето на моја возраст. Не се плашам, решителен сум, сигурен сум во она што го правам. Ги извршвам обврските на мојот секогаш зафатен распоред, рече Пеле, кој ќе наполни 80 години во октомври.