Свет

Пекинг: Зголемениот буџет на Пентагон е резултат на менталното растројство на САД

Намерата на Вашингтон да го зголеми својот воен буџет е предизвикана од психолошко нарушување и параноја која ги измачува одредени членови на администрацијата на Бајден, во услови на претерување со наводната „кинеска закана“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Кијан, пренесува ТАСС.

„Одредени претставници на американската администрација  веќе извесно време не се во можност да се ослободат од манијакалната психоза и замислата дека се прогонувани. Тие станаа опседнати со шпекулациите за т.н. кинеска закана и ирационално ја преувеличуваат темата за предизвикот од Кина “, рече Кијан, коментирајќи ја најавата на Вашингтон за зголемување на воениот буџет.

„Ова е олицетворение на ментални нарушувања што може да резултира само со штета на другите, како и на самите себе, а да не ги спомнуваме самоисполнувачките пророштва . Кина нема намера да им се заканува на други земји или да претставува каква било закана за нив. Сепак, ако некој ѝ се закани или ја предизвика Кина, нема да имаме друг избор освен да одговориме“, заклучи тој.

На 13 април, Канцеларијата за управување и буџет на САД (ОМБ) објави дека Вашингтон планира да побара од Конгресот 715 милијарди долари за воени потреби. ОМБ, наводно, ќе побара 753 милијарди долари за финансирање на националната одбрана, а најголемиот дел од оваа сума е наменета за Пентагон. Со тоа, буџетот на Министерството за одбрана на САД ќе се зголеми за 1,6 отсто за фискалната 2021 година.

AnimeTV anime tv kissanime: Wonder Egg Priority Episode 12

GoGoAnime watch anime: Watch Attack on Titan Season 2 Episode 3