June 28, 2022 08:28
Свет

Пекинг ги продолжи рестриктивните анти-ковид мерки

Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови бидејќи повторно се зголеми бројот на случаи на коронавирус во кинескиот главен град.

Бројни станбени населби во градот го ограничија влезот и излезот, иако ситуацијата е многу помалку опасна отколку во Шангај, каде неколку милиони жители се под различни нивоа на блокада веќе два месеци.

Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи.

Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта.

И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината „нулта ковид” политика, иако остатокот од светот се отвора се повеќе и повеќе.

Шангај објави дека 480.000 луѓе сè уште се изолирани во своите домови, додека 1,6 милиони луѓе можат да се движат низ нивното соседство, а 21,2 милиони се под полесни рестриктивни мерки.

go88 chơi trên web play go88 cc Game Go88 và Link đăng nhập vào Go88 mới nhất khi bị chặn

https://sunwin.fan/