December 5, 2022 07:56
Хроника

Педесетгодишна кавадарчанка го заклала, па го запалила 20 години постариот љубовник

На 28.09.2022 од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземени оперативни мерки и активности била лишена од слобода М.Б.(51) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство” по чл. 123 од Кривичниот законик.

Имено, на 06.09.2022 осомничената била во домот на И.М.(70) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му нанела повреди на И.М., а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото.

По преземени мерки и активности по наредба од Основен суд Кавадарци извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост.

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека на 6 септември годинава осомничената лишила од живот 70-годишен маж од Кавадарци со кого била во блиски лични односи. По расправија во куќата на оштетениот, започнала физичка пресметка меѓу нив  во која сега починатиот ја удрил осомничената по лицето, а таа му скршила филџан од главата. Тој ја фатил за косата и ја влечел кон бањата. Осомничената дофатила кујнски нож од масата со кој му задала неколку убоди во пределот на стомакот и градите. Од ударите жртвата паднала на подот, по што осомничената продолжила да му задава убоди додека не престанал да дава отпор. Потоа врз неговото тело истурила ракија и средство за дезинфекција и го потпалила. Оштетениот кој се уште бил жив се обидел со рацете да го изгасне огнот што горел по неговото тело, но од убодите и изгорениците кај него за кратко време настапила смрт.

Осомничената останала во станот 20-тина минути, по што излегла, ја заклучила влезната врата и заминала. Телото на починатото лице беше пронајдено на 8 септември, по што беше извршен увид на лице место​, а осомничената беше лишена од слобода во текот на вчерашниот ден.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои очигледна опасност осомничената да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

 

Поврзани вести

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

Igor

(Фото) Приватниците бараат средба со Арсовска, блокадата на Илинденска продолжува

Igor