Балкан

Пајат: Куфодинас е убиец, а не Робин Худ

Лидерот на терористичката организација „17 Ноември”, ccе убиец, а не Робин Худ, изјави амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат за време на посетата на канцелариите на весникот „Пелопонез” во грчкиот град Патра, објави весникот на нивниот официјален сајт, јави дописничката на МИА од Атина.

Резиденцијата на Пајат вчера беше на цел на напад на членовите на анархистичката група „Рубикон”, кои во знак на протест и за поддршка на Димитрис Куфодинас, фрлија бои на надворешните ѕидови на објектот.

Куфодинас, кој е осуден на 11 доживотни затворски казни, од 2 мај штрајкува со глад, поради тоа што не му е одобрена неколкудневна дозвола за излез од затвор.

Нови вести

Мета подготвен да ги презакажe локалните избори

Igor

Последен ден од предизборната кампања во Грција

Igor

Во Србија моментно има 3.500 мигранти

Igor