August 2, 2021 20:32
Македонија

Пачемски: Си велам  „ех да бев сега новинар…“ само кога ниеден медиум не третира тема која заслужува внимание

За новинарите велат дека не се обични луѓе и дека кога еднаш ќе решат да ја работат оваа професија цел век остануваат во неа. Но во секое правило има исклучоци. Еден од нив е и Гоце Пачемски кои новинарското перо го замени со односи со јавност. За 24 инфо вели дека новинарството навистина е посебна, возбудлива и привлечна професија. Посебна, затоа што е заштитник на јавниот интерес, а возбудлива, затоа што нуди можност за пристап до информации кои за многумина знаат да бидат недостижни.

Новинарството е возбудлива професија. Копнежот да се дознае она што ја интересира јавноста и тоа да се пренесе на точен, брз и интересен начин е она што ја прави новинарската професија особено привлечна и што ја нуди онаа доза адреналин која е неопходна за да можете навистина да ја засакате. Ова воедно се основните причини зошто јас, иако дипломирав на Електротехничкиот факултет во Скопје, сепак се одлучив да се занимавам со новинарство. Се разбира, фактот што мојот татко беше исто така новинар веројатно имаше влијание да ја засакам оваа професија. И покрај ова, го напуштив новинарството во оној момент кога почувствував дека сум го достигнал максимумот што лично сметав дека можам да го достигнам во таа професија. За мене следниот логичен чекор беа односите со јавност (ПР) како професија во која новинарските вештини се добра почетна точка за кариерен развој.

Има ли допирни точки меѓу новинарството и работењето во пр агенција?

– Новинарството и односите со јавност (ПР) се различни професии, но имаат една значајна допирна точка, а тоа е јавниот интерес. Вистинските ПР професионалци, како и новинарите, мора да водат сметка за интересот на јавноста, без оглед на тоа што нивната клучна задача е да се грижат за репутацијата на клиентите и брендовите за кои работат. Ако не го прават тоа, ако не се грижат за јавниот интерес, тогаш тоа не е вистински ПР, туку пропаганда, бидејќи интересот на јавноста да биде правилно и навремено информирана е она што ги спојува вистинските ПР професионалци и новинарите. Тие се упатени на меѓусебна соработка , која се темели на разбирање и почитување на задачите, специфичните обврски и одговорности на другиот.

 Што е потешко да работи?

– Секоја професија е тешка доколку не ја работите со лубов. Ако навистина го сакате тоа што го работите и ако ентузијазмот не ве напушта и после долгогодишна напорна работа, тогаш вие сте ја избрале вистинската професија.Така е и со новинарството и ПР-от. И едната и другата се лесни, но истовремено и многу тешки професии, доколку не го пронајдете оној дел од професијата што вас лично ви помага да се чувствувате убаво кога го работите. Инаку, од сегашна дистанца, лично мислам дека односите со јавност се за нијанса потешка професија од новинарството затоа што, покрај комуникациските вештини кои се карактеристични за новинарите, ПР професионалците мора да поседувааат и знаења и вештини од областа на управувањето со процеси и стратешкото планирање, затоа што ПР-от во суштина е управувачка функција.

 Ви недостига ли новинарството?

Секако, иако не многу често. Најмногу ми недостига во моментите кога во медиумите нема да ја видам или прочитам темата која сметам дека заслужува вистинско внимание и за која има интерес во јавноста. Во тие моменти си велам  „ех да бев сега новинар…“.

Да сте на почеток и да бирате кариера дали би го одбрале истиот пат?

– Веројатно да, иако постои и можност, доколку сега почнувам со професионалната кариера, таа воопшто да не бидениту новинарство, ниту односи со јавност, туку нешто сосема поразлично, како на пример инжинерството кое во раната младост ми претставуваше голема љубов и значаен дел од мојата наобразба.

Што е следно можно ли е враќање на примарната професија?

– Иако во животот никогаш не треба да се вели „никогаш“, за мене новинарството е одамна затворено поглавје. Во изминатите скоро две децении вложив многу во сопствената надградба во професијата во која сум сега, а тоа се стратешките комуникации и односите со јавност. И мојата намера е да продолжам да се надградувам, да учам и да го пренесувам своето знаење и искуство на други ПР професионалци.

Валентина Ангеловска

Поврзани вести

Нови 54 случаи на Ковид-19, едно лице починато

zane

Македонија „под вршник“ температурата стаса и до 50 целзиусови степени !

Dragan Nikolovski

Заев: Третиот Илинден е бесконечноста на нашиот стремеж кон нашата иднина, тој не е завршен и нема да заврши

Dragan Nikolovski

Website https://aniwatch.pro: Watch Fortune Quest: Yo ni mo Shiawase na Boukensha-tachi aniwatch Episode 4 dubbed anime

KissAnime: Kaleido Star: Legend of Phoenix - The Layla Hamilton Story anime episode Full online free at https://kissanime.mx assassination classroom kissanime

Website https://animedao.nl: Watch Prism Ark Specials animedao Episode 6 animes online

Talk plesk: https://talk.plesk.com/members/kissanimemx.225795/#about

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/kissanimemx

Yarabook: https://yarabook.com/1624524476538023_166644