October 20, 2020 23:36
Балкан

Пацоли: Го предадовме Косово на Србија

Пратеничката во движењето „Самоопределување“, Фиторе Пацоли упати критики кон косовскиот премиер Авдулаху Хоти. Таа напоменала дека со договорот во Вашингтон, особено точката 15 која е во врска со мораториумот, Косово всушност се одрекло од својата „државност“, пренесува „Коха“.

„ Оваа обврска ја истакна подготвеноста на оваа нелегитимна влада да го суспендира членството во меѓународните организации. Овој мораториум ќе му нанесе штета на Косово. Претпоследната точка од договорот го наведува тоа. Имено, имаме илегален премиер кој го повреди Уставот. Тоа е постапка без преседан“ рекла Пацоли.

Според неа не постои држава која одлучила да ги забрани активностите на Косово за членство во меѓународните организации, како и дека не постои пример во светот каде една земја доброволно се откажува од членството, како што е случајот со членството во СЗО и УНЕСКО, што е само една од спорните точки од договорот во Вашингтон.

Како што рекла Пацоли, српската кампања продолжува и нема гаранции дека Србија ќе запре.

„ Тоа е предавање на Косово на Србија“ рекла таа.