June 26, 2022 23:02
Македонија

Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти

Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти. 90 пациенти со колоректален, оваријален и цервикален карцином скоро цел месец не ја примаат препишаната биолошка терапија.
Пациентите не добиваат конкретна информација кога ќе може повторно да ја добијат неопходната терапија, која им е неопходна.
Количините набавени преку Министерството за Здравство се исцрпени, а Клиниката за Радиотерапија и Онкологија нема отворено нов тендер.
Кога во прашање се тендери од кои профитира некој од власта се штанцаат огласи, а кога треба да се набави терапија за болните од рак, никој со прст не мрда.
Со ваквиот развој на настаните, и неодговорноста кај власта се очекува дека до крај на месец мај ќе биде прекината и терапијата на 30 пациенти со метастатски меланом, со што директно се загрозува нивниот живот.

Доколку власта наместо да работи продолжи да краде, и не ги извршува ниту основните работи во текот на наредните месеци ќе се исцрпат количините и за повеќе други неопходни биолошки лекови, вклучително и имунотерапија за над 150 пациенти со белодробен карцином, карцином на бубрег и карцином на дојка.

Неодговорноста и неспособноста на СДСМ и ДУИ директно загрозува стотици животи.

go88 hotline go88 b52 go88 ông đồ

máy chủ sunwin pro plus tải game sunwin sunwin stevia wallstreet online