August 2, 2021 21:51
Свет

ПАХО: Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани

 Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани, соопшти Пан-американската здравствена организација (ПАХО), која предупреди дека земјите со низок опсег на вакцинација имаат зголемен број заразени од Ковид-19 и повторно ги повика земјите кои располагаат со поголем број вакцини да ги донираат.

– Се соочуваме со пандемија на невакцинирани, а единствениот начин да се запре тоа е ширење на вакцинацијата, рече директорката на ПАХО, Кариса Етјен.

Таа додаде дека вакцината е клучна, дури и ако ниту една вакцина не е сто отсто ефикасна.

– Само 15 проценти од луѓето во Латинска Америка и на Карибите се целосно вакцинирани, рече таа, додавајќи дека оваа бројка не е прецизна, бидејќи некои земји како Хондурас и Хаити не вакцинирале ниту еден процент од населението.

Етјен повторно ги повика земјите со доволно дози што побрзо да ги распределат на оние на кои им се потребни.

– Очигледно дека ни требаат повеќе вакцини и тоа сега. Во моментов, донирањето вакцини е навистина единствениот начин за многу земји во нашиот регион брзо да ги обезбедат потребните дози, додаде таа.

Во двете Америки, минатата недела се регистрирани 967.000 нови случаи и 22.000 смртни случаи,  што е мало намалување од претходната недела.

Според Етјен, епидемијата се забрзува во поголемиот дел од Централна Америка и на помалите карипски острови, додека бројот на заразени и смртни случаи се зголемува во Куба, а жариштата сè уште постојат во амазонските региони Колумбија и Перу. 

Website https://kissanime.mx: Watch Alps Monogatari: Watashi no Annette kissanime Episode 48 hunter x hunter kissanime

Website https://animeflv.uk: Watch Seitokai no Ichizon Lv.2: Watasu Seitokai animeflv Episode Full anime websites

WCOStream: Macross Δ Movie: Gekijou no Walküre anime episode Full online free at https://wcostream.cc animes online

Beatstars: https://www.beatstars.com/kissanimemx/about

Effecthub: http://www.effecthub.com/people/gogoanimelol

Sites google: https://sites.google.com/view/animefreak-official/home