November 24, 2020 18:46
Македонија

Пауновски: Клуч на врата за рестораните кои прават свадби

Рестораните и кафеаните кои прават свадби и покрај забраната ќе бидат затворени- вели Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.

-Рестораните во кои се одржуваат свадби и веселби и покрај забраната, засега добиваат само кривични пријави. Откако пак Собранието ќе ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, ќе може да бидат затворени на 30 дена и да им се изрече парична казна на самото место со платен налог, вели Пауновски. Тој додаде дека одговорноста и свеста кај граѓаните сепак игра најголема улога во заштитата бидејќи, нема што да се преземе друго ако не делуваат казните.