April 6, 2020 04:35
Македонија

Патникот од Италија нема корона вирус

Од Министерството за здравство потврдија дека е негативно тестирањето на патникот од Италија кој доцна вечерва со симптоми на корона вирус се пријавил во скопската Инфективна клиника.

Од таму додаваат дека будно ја следат состојбата и во континуитет постапуваат по препораките на Светската здравствена организација, и дека од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво.

Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а на сила стапија и нови зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирус.

Пациентот е негативен покажале резултатите. Сомнителниот патник денеска пристигнал од Милано, а во северниот дел на Италија досега од вирусот КОВИД 19 починаа седуммина заболени