January 17, 2019 12:34
Балкан

Паскал Миљо: Тачи има подршка од САД за идејата за промена на границите

Поранешниот шеф на албанската допломатија Паскал Миљо изјави дека косовскиот претседаел Хашим Тачи има амерканска подршка кога зборува за промена на границите меѓу Косово и Србија.

– Не е никаква тајна ако кажам дека претседателот Тачи изјави оти  има американска подршка во врска со ова прашање. Верувам дека претседателот не може да игра со вакви капитални  и важни нешта, доколку за такви големи движења, зад себе ги нема САД како наш стратешки партнер. Косово на крајот на краиштата е творба на САД, изјави Миљо при гостување на телевизиска емисија.

Според него, како што јави дописничката на МИА, зад ваквите идеи постои ангажираност на „најмоќната држава во светот”, која стои зад Косово.

– Дали мислите дека во одреден момент, САД ќе го жртвуваат Косово каде имаат стратешка воена база. Идејата дека во една држава постојат две линии, при што Стејт департментот е повнимателен, а Белата куќа е понапредна, доаѓа од стилот на актуелниот претседател на САД. Претседателот (Доналд) Трамп е подиректен и поиндивидуален. Тој има друг пристап кон Косово. Не знам до каде се преговорите, посои Миљо.

Related posts

Хјуман рајтс воч тврди дека Грција на сила враќа мигранти во Турција

Igor

Орбан ги залади односите со Хрватска поради потерница по директор на МОЛ

Igor

(Видео) Во судир на воз и автобус кај Ниш тројца загинати и над 20 повредени

Filip