February 3, 2023 11:39
Македонија

„Партнерство за одржливи локални самоуправи” – Годишен форум за локална самоуправа

„Партнерство за одржливи локални самоуправи” е насловот на Вториот годишен форум за локална самоуправа, што ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

На форумот, ќе бидат презентирани измените и дополнувањата на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со посебен осврт на финансиската нестабилност, водичот за постапување на општините во услови на финансиска нестабилност и Кодексот за активна транспарентност на локално ниво, изработени од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Како што е најавено од организаторите, на форумот ќе се обратат министрите за финансии и за локална самоуправа, Фатмир Бесим и  Ристо Пенов, заменик шефот на Мисијата во Амбасадата на САД, Ерик Мејер, ако и претставници од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Најавено е и присуство на претставници од институциите на централната власт, градоначалници, како и претставници на собраниската Комисија за локална самоуправа, Здружението на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Државниот завод за ревизија и на донаторската заедница.