September 23, 2019 07:38
Свет

Партнерката на Борис Џонсон доби забрана за влез во САД

Партнерката на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери Сајмондс, доби забрана за влез во САД. Причина за забраната е, како што се наведува, тоа што Сајмондс, која е пријателка со активистка која се бори против генитално сакатење на жените, минатата година ја посетила самопрогласената африканска република Сомалиленд, која се наоѓа во Сомалија.

Сајмондс побарала дозвола за влез во САД за да учествува во активностите на непрофитната организација за заштита на океани, но била одбиена, пишува „Дејли мејл“.

Британците кои во САД патуваат преку системот ЕСТА, електронски систем за одобрување престој во САД, кој им овозможува без виза да поминат 90 дена, од март 2011 година мора да одговорат и на прашањето дали некогаш ја посетиле Сомалија и Сомалиленд.

САД не ја признаваат Сомалиленд како независна држава, туку ја сметаат како дел од Сомалија.

Сајмондс нема никаква улога во Владата на Борис Џонсон. Засега, ниту Кери Сајмондс, ниту британската Влада не ја коментираа американската забрана.

Нови вести

Рохани ги повика западните земји да го напуштат Персискиот залив

Filip

Претседателот на Колумбија, Мадуро го спореди со Милошевиќ

Filip

Протести во Словачка, за целосна забрана на абортусот

Filip