December 4, 2021 20:03
Спорт

Партизан изненаден од Флора во Талин

Фудбалерите на Партизан доживеаа пораз во 5. коло од Конференциската лига од естонска Флора во Талин со резултат 1:0. Српскиот тим беше голем фаворит пред овој натпревар и се очекуваше „црно-белите“ да го обезбедат пласманот во наредната фаза затоа што им требаше само еден бод. Меѓутоа Флора на крајот славеше и така остана во игра за пласман во следната фаза.

Моментот на одлука се случи во 44. минута. Пум одлично го пронајде Мартин Милеркој погоди за 1:0. Партизан во второто полувреме се обиде да се врати и да извлече барем бод во овој меч. Нападите беа залудни и остана 1:0 за Флора која така стигна до својата прва победа во клупската историја во групната фаза од некое европско натпреварување.