December 9, 2022 22:45
Македонија Скопје

Парно во Скопје ќе има, порача Бектеши

Идната недела во Скопје ќе има парно и ќе биде поевтино од секоја досегашна понуда што сме ја имале. Нема да биде мазут, туку ќе биде на гас и ќе ја прифатиме најповолната цена, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој ја кажа максималната цена.

-Најголемата е над 2000 евра за 1000 метри кубни гас, по таа цена и цената на електричната енергија ќе биде над 450 евра за мегават час. За нас најприфатлива ќе биде од четирите-пет понуди кои ги имаме и таа која е најниска и која ќе биде најниска на 1. октомври, порача Бектеши во емисијата „Топ тема“.