November 23, 2020 17:18
Спорт

Парма со вкупно 5 заразени фудбалери од Ковид-19

Италијанска Парма објави дека во тимот има уште еден фудбалер со коронавирус, што значи дека бројот на заразени се искачи на пет.

„Војводите” утрово пуштија соопштение во кое најавуваат дека по тестовите во четвртокот, кои биле негативни, новиот тест покажал дека еден од играчите бил позитивен на КОВИД-19.

Фудбалерот во моментов е под карантин и нема никакви симптоми. Така, вкупниот број на заразени во Парма е пет.

Во согласност со протоколот, тимот ќе продолжи да биде изолиран во својата клупска база и ќе го спроведува својот нормален тренинг процес пред утрешниот натпревар со Удинезе.

Следната рунда тестови ќе се изврши 24 часа пред натпреварот.