October 15, 2019 11:59
Свет

Парламентарни избори во Израел

Утрово во Израел почнаа парламентарните избори, втори во последните пет месеци.

Како што јавуваат светските агенции, избирачките места се отворени во 7 часот по локално време и ќе се гласа до 22 часот.

Гласањето, како што се очекува, ќе биде и биде референдум за тоа колку долго премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе остане на функцијата.

Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека конзервативниот Ликуд на Нетанјаху и сојузот на партии на центарот Сино бело предводен од поранешниот командант на армијата Бени Ганц ќе освојат ист број пратеници 32 од вкупно 120 во парламентот, Кнесетот.

Претходните избори во Израел се одржаа во април и тогаш двете партии водеа мртва трка, но на Нетанјаху му беше доверена задача да формира владејачка коалиција.

Тој не успеа да го направи тоа и одлучи да се распушти парламентот и да се одржат нови избори, што не се случило од основањето на Израел во 1948 година.

Нови вести

Големи затворски казни за две жени поради обид за напад врз Нотр Дам

Igor

Кина бара прекин на воените дејства на Турција во Сирија, САД со „моќни” санкции поради турската офанзива

Igor

Трамп: 1.000 американски војници остануваат на Блискиот Исток

zane