June 26, 2022 08:02
Свет

Парагвајски обвинител убиен на меден месец на плажа во Колумбија

Убиен е парагвајски обвинител за организиран криминал за време на  медениот месец во Колумбија, јави Би-Би-Си.

Марсело Печи бил на плажа на популарниот остров Бару, кога е убиен од страна на две вооружени лица.

Неколку часови пред пукањето, сопругата на Печи на Инстаграм објави дека е бремена.

Како што изјавила сопругата, новинарката Клаудија Агилера, убиениот не добил никакви закани. Едно од вооружените лица „без збор пукал во Марсело два пати, еден куршум го погодил во лицето, а друг во грбот”.

Парагвајскиот претседател Марио Абдо Бенитез пукањето го опиша како „кукавичко убиство”.

Шефот на колумбиската полиција, како и истражители од Парагвај, биле на место на злосторството.

Жртвата специјализираше за организиран криминал, трговија со дрога, перење на пари и терористичко финансирање.

Во 2020 година, Печи играше улога во случајот против поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо, кој беше уапсен при обид да влезе во Парагвај со лажен парагвајски пасош.

go88 nạp tiền bị từ chối go88 là gì acc go88

sunwin nổ hũ apk cho android mở khoá tài khoản sunwin tại sunwin pro plus ios