June 16, 2021 14:27
Свет

Папата им се обрати на верниците по пауза од шест месеци

Папата Франциско денес го изрази своeто одушевување пред верниците затоа што првпат излезе во јавноста по пауза од шест месеци.

Утрово, во дворот на Сан Дамасо, 84-годишниот папа им рече на верниците дека е среќен што се гледаат повторно лице в лице, пренесува „Анса“.

Почитувајќи ја социјалната оддалеченост и проверувајќи ја температурата на влезот, публиката со одушевување го следеше обраќањето на папата посветено на темата молитва.

„Многупати молитвата е борба“, рече папата Франциско, кој е вакциниран против коронавирус.

За време на најтешката криза предизвикана од коронавирусот, кога Италија забележа повеќе од 40.000 новозаразени, папата ја извршуваше неделната служба преку видеоврска од библиотеката во Ватикан.

WCOStream wcostream close enough: Watch One Piece (Dub) Episode 631 (https://wcostream.cc/m/mWJ/ep-631)

AniWatch anime stream: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full