February 2, 2023 02:13
Свет

Папата го спореди украинското страдање со нацистичка операција во Втората светска војна

Папата Франциск денеска ја спореди војната во Украина со нацистичката операција во која, во првиот дел од Втората светска војна, беа убиени околу два милиони луѓе, главно Евреи.

Обраќајќи се на овонеделната општа аудиенција пред полските аџии, Франциск истакна дека Католичкиот универзитет во Лублин во Полска неодамна ја одбележа годишнината од операцијата Рајнхард.

Тоа беше кодно име за тајна операција во делот на окупирана Полска што вклучуваше територијата што сега е на територијата на Украина.

– Сеќавањето на овој страшен настан нека побуди кај сите намери и акции за постигнување мир, рече папата, посебно споменувајќи ја операцијата „истребување”.

Потоа отстапи од напишаниот текст и додаде: „И така се повторува историјата. Денес гледаме што се случува во Украина”.