June 24, 2021 20:13
Спорт

Панчев: Македонците можат да бидат пријатно изненадување на ЕУРО 2020

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев оцени дека „црвено – жолтите” се кадарни да приредат изненадување на ЕУРО 2020 што од утре до 11 јули ќе се одржи во 11 европски градови.

Македонскиот состав е во групата Ц, а премиерниот натпревар ќе го игра в недела против Австрија, пред дуелите со Украина и Холандија.

– Тоа не е претерано силна група. Можеме да направиме едно пријатно изненадување. Холандија е единствена репрезентација (во групата) од екстра класа, додека со Австрија и Украина апсолутно може да се надигруваме, посочи Панчев.

Легендарниот голгетер, како што објави регионалниот телевизиски канал „Спорт клуб”, смета дека најсилна страна на македонската репрезентација е исклучително квалитетниот среден ред со Аријан Адеми, Елиф Елмас, Енис Барди и Езѓан Алиоски.

– Ова е одлична шанса на Европа да и го демонстрираме нашиот висок квалитет. Немаме што да загубиме, ионака од нас никој ништо не очекува”, додаде поранешниот македонски репрезентативец и европски и светски првак со екипата на Црвена ѕвезда.

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Girls & Panzer: Fushou Akiyama Yukari no Sensha Kouza Episode 6

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. High Score Girl II (Dub) Episode 9

Watch anime online for free at WCOStream mickey and the roadster racers wcostream. Watch Mitsuboshi Colors (Dub) Episode 12

KissAnime Linktr: https://linktr.ee/Kissanimemx