November 28, 2020 03:10
Македонија

Пановски: Најтешките три месеци се пред нас, треба сите да се соединиме против вирусот, а за друго пак ќе се караме

Во гостување во ТВ Сител, д-р Никола Пановски истакна дека како што ќе заладува времето, воздухот ќе биде позагаден луѓето ќе влегуваат внатре и ќе ја шират болеста.

-Што повеќе ќе заладува, што повеќе ќе биде пократок денот, позагаден воздухот луѓето ќе влегуваат внатре и понатаму ќе ја шират болеста.Затоа меркиве освен носење маска надвор се во ред, меѓутоа треба да има механизми како ќе се почитуваат тие мерки. Значи во автобус може да се стават камери, да има контролор во меѓуградски превоз, значи строга контрола. Во фабриките да се почитуваат протоколите. Остануваат домовите кои не можат да се контролираат. За навечер сум кажал дека треба да има полициски час, бидејќи младите сакале неќеле ни ја носат болеста дома, вели Пановски.

Според него, проценка на оваа епидемија е дека би умреле меѓу 20 и 30 милиони ако нема мерки, а може да трае и повеќе од две години.

-Светот е решен со разни мерки да спаси да умрат барем 2 три милиони и ги предложил овие мерки. Некои немаат логика не можеме да ги разбереме меѓутоа основните мерки треба да ги почитуваме. Не се лицитира со бројки, но во првите две години би умреле 2.000-3000 и да спасиме 20.000 луѓе. Најтешките три месеци се пред нас, рече Пановски.

Затоа, тој повика на обединување

-Доколку сме во војна, која не признава партиски, религиски и други национални различности, еве конечно за оваа работа да се соединиме, а за друго пак ќе се караме. Политичките лидер, верските лидери, особено наследникот на реисот кој треба да се извини за неговиот претходник и да каже дека коронавирусот е жив и сите да им кажат да се воздржат 5-6 месеци или ако може 14 дена или 28 дена, по сегашните пропис да носат маска каде што треба, да не се собираат и да видиме дали ќе се случи нешто за овој период, вели Пановски.

Тој додава дека ако треба и најзакоравниот доктор од ВМРО, а исто така и од СДСМ и сите што имаат углед, треба заедно да излезат и да кажат дека вирусот е сериозен.