November 30, 2020 23:54
Македонија

Пановски: Ако нема мерки, до крајот на годината ќе има 10.000 мртви од корона

Ако нема мерки, во Македонија до декември би имале 10.000 мртви од ковид 19, односно секој ден би имало по 100 погреби само од починати од корона вирус, предупредува професор-доктор Никола Пановски.

 

-Ако претпоставиме дека имаме 5.000 активни случаи, кои, според вирулентноста на вирусот ако таа е 2-3, односно ако еден болен може да зарази двајца или тројца други, тогаш во следните три месеци би имале повеќе од 10.000 заразени дневно. Но, тоа е црното сценарио, ако нема мерки. Што би се случило со економијата ако во еден момент имаме 100.000 заразени. Тоа значи дека 100.000 луѓе нема да одат на работа и нема потреба од карантин за тие да седат дома. Едноставно, ќе бидат болни – рече Пановски.

Извор: Центар.мк