July 23, 2021 21:04
Економија

Пандемијата го остави без странските гости Норас ранчот кај Кичево

Пандемијата со Ковид-19 во голема мера се почувствува и врз работата на најсовремениот ранч во земјава Норас ранчот, во близина на Кичево. Бројот на странци во ранчот падна на нула и во последниве 14 месеци во објектот не стапнал ниту еден странец, вели Енвер Алими сопственик на ранчот, кој во текот на претходните години беше посетен од голем број странци од дури триесетина земји од светот.

-По заминувањето на последниот гостин од нашиот ранч, Американецот од Сиетел, инжинер во Боинг, и госпоѓата ветеринарен лекар од Рим, Италија, посетата на гости од странство целосно згасна. Во нашиот ранч во текот на изминатите пет години, откако е отворен објектот, не посетиле близу 1000 странски гости или на годишно ниво сме имале и до 200 гости од сите континенти, истакна Алими.

Тој подвлече дека некои од странците задоволни од претходниот престој се враќале во ранчот повеќе пати или го продолжувале својот престој.

-Нема развиена земја во светот од каде сме немале барем по еден гостин.Така од Јапонија до Аргентина и од Норвешка до ЈАР сме имале посетители, кои на нашиот ранч ги привлекува еколошки здравата храна, секогаш  јагнешко тазе печено, млеко од сопствената фарма, коњски тури до планините во нашето окружување и недопрената природа во овој дел од земјава, истакна Алими кој покрај ранчот располага и со два угостителски објекти за свадби и се пожали дека во изминатите 14 месеци забележал големи загуби во работењето.

-Во изминатите 14 месеци бележиме загуба од над 250.000 евра. Загубата ќе беше и поголема ако ја немавме редовната продажба на млеко од сопствената фарма. Имам поголем број постојано вработени лица кои и покрај намалената работа морам навремено да ги плаќам и, на тој начин уште повеќе да се гомилаат загубите. Дополнително работата ја отежнуваат рестораните за свадби, кои повеќе од една година не работат. Ако продолжи пандемијата и рестриктивните мерки, состојбата дополнително ќе се влоши а ние ќе бележиме нови и нови загуби, додава Алими, човек со многу идеи кој не може да ги валоризира своите планови поради Ковид-19.

На Норас ранчот покрај 14 високорасни коњи, тој располага и со најсовремен ресторан со секогаш свежо печење, тазе млеко од сопствената фарма со 100 крави, базени за деца и возрасни, тениски терени и се што им треба и на најпробирливите гости, во состојба е да го исполни.

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Watch Hyakka Ryouran: Samurai After Specials Episode 2

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Watch Ar Tonelico: Sekai no Owari de Utai Tsuzukeru Shoujo Episode Full

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro. Sketchbook ~full color's~ (https://animeheaven.pro/m/eEq1) Episode 13