August 12, 2022 02:12
Спорт

Пандев размислува дали да игра уште една сезона или да замине во пензија

Еден од најдобрите македонски фудбалери Горан Пандев и во својата 39 година размислува дали да ја заврши играчката кариера како што најави од поодамна или да ја продолжи за уште една сезона и тоа во второлигашот Парма, каде пристигна сезонава од Џенова. Пандев заедно со уште една легенда, италијанскиот голман Џиџи Буфон пристигнаа во Парма да и помогната да се врати во Серија А.

Поради проблеми со ситни повреди Пандев настапи само на 11 натпреаври за Парма и постигна само еден гол, а имаше и една асистенција. На Пандев договорот со Парма му истекува во јуни годинава.

Италијанските медиуми пишуваат дека Пандев размислува што да прави сега во ситуација кога сезоната за Парма е завршена без постигнатат цел, не се пласира во разигрувањето за пласман во Серија А. За да ја оствари мисијата најверојатно Пандев ќе остане уште една сезона активен на теренот.