June 13, 2021 17:28
Спорт

Пандев: Ова се можеби моите последни натпревари, одиме да испишеме историја!

Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја, порачува капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, на стартот на Европското првенство во фудбал најавувајќи дека ова се можеби неговите последни репрезентативни натпревари.

„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера. Македонија да игра на едно вакво големо натпреварување… Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација. Сакам како капитен да ви се обратам на цела нација. Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија … Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас и навивајте за Македонија“, вели Пандев во обраќањето на Инстраграм.

Европското првенство почнува вечерва со натпревар од групата А помеѓу Италија и Турција. Македонската репрезентација за првпат настапува на едно европско првенство. Фудбалерите се дел од групата Ц заедно со Австрија, Украина и Холандија. Првиот натпревар го играат в недела од 18 часот против Австрија.

Watch anime online for free at WCOStream wcostream dragon ball super. Super YoYo Episode 3

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. An Encore and Continuance: Pandora's Box (https://animebee.to/m/9avg) Episode Full

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Dragon Ball: Yo! The Return of Son-Goku and Friends!! (https://animefreak.ws/m/XprB) Episode Full

KissAnime Pbase: https://pbase.com/kissanimemx/profile