December 5, 2021 11:17
Спорт

Пандев и Џенова се спасија во 90 минута

Џенова одигра 2:2 против Сасуоло во меч од осмото коло, резултат од кој домаќините може да бидат задоволни, посебно ако се знае дека беа во негатива до последната минута од средбата. Горан Пандев беше во стартниот тим на Џенова и одигра 76 минути. Со овој бод, Џенова сега има шест бода и е на 17-тото место на табелата, додека Сасуоло со осум бода е на 14 позиција.

Сасуоло одлично го започна мечот. Гостите прво постигнаа гол кој беше поништен поради офсајд, но потоа продолжија со нападите и Скамака со два гола донесе предност од 2:0 за Сасуоло по само 20 минути игра.

Џенова со погодокот на Дестро намали на 1:2 во 27 минута, а потоа беше поништен и еден погодок на домаќините откако Дестро беше во недозволена позиција. Сасуоло водеше се до 90 минута кога Васкез погоди за голема радост на Џенова, која се спаси од пораз.

Калјари е единствениот домашен тим кој денеска победи во Серија А, откако со 3:1 славеше над Сампдорија. Аталанта без проблеми со 4:1 се радуваше на гости кај Емполи, а Удинезе и Болоња одиграа 1:1.