January 20, 2021 13:40
Спорт

Пандев и Ангеловски со наградите за „Маж на годината 2020“

Горан Пандев е избран за „Маж на годината 2020“ во изборот на Магазинот „Џентламен“. На манифестацијата која се организира секоја година, капитенот на нашата фудбалска репрезентација ја доби наградата за тековната година.

Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, кој заедно со Пандев го направија најголемиот успех на македонската репрезентативна фудбалска сцена, пак, ја доби наградата „Маж на годината 2020“ во избор на организаторот.

Награда за најголем придонес во спортот доби Фудбалската репрезентација на Македонија.