April 21, 2019 08:39
Фудбал

Пандев има нов тренер – поранешниот селектор на Италија ја презема Џенова

 По лошите резултати на Иван Јуриќ, тој беше отпуштен од тренерската позиција во Џенова и на неговото место беше назначен поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели

Поранешниот селектор на Италија ќе го одржи својот прв тренинг со својот нов тим попладнево. Пред да ја преземе Џенова, Прандели работеше во Ал Наср.

Чезаре Прандели има богато искуство во Серија А, каде во последните 20 години ги предводеше тимовите на Верона, Венеција, Парма, Рома и Фиорентина.

Под негово раководство, Италија освои сребрен медал на Еврото 2012.

Џенова во четвртокот испадна од Купот на Италија, откако загуби од третолигашот Виртус Ентела по изведувањето на пенали. Џенова доживеа дебакл на својот стадион „Луиџи Ферарис“ во натпревар од четвртото коло, а тренерот Иван Јуриќ беше сменет веднаш по мечот.

Хрватот беше на чело на Џенова од 9 октомври оваа година, заменувајќи го Давиде Балардини. По 11 кола во Серија А, Џенова е на 14 место на табелата.

Нови вести

УЕФА го избра тимот на неделата во Лига Европа

24info

Ковач: Ние ја дадовме најточната анализа за Ајакс, овој тим се разликува од сите останати по едно нешто!

24info

Јувентус има намера да го продаде Дибала за 100 милиони евра

24info